Цената на парното греење во Скопје ќе се зголеми за околу 7,5 проценти за најголем дел од домаќинствата, според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Поскапувањето од 7,5 проценти се однесува на домаќинствата кои се снабдуваат со топлинска енергија преку „ЕСМ Снабдување“, но и на корисниците приклучени на мрежата на „Скопје Север“, со која сега управува приватната компанија „Енерџи Еколинк“.
Повисоки сметки за 7,2 насто ќе добиваат домаќинствата кои се загреваат преку „ЕСМ Енергетика“, односно таканареченото железарско парно.
Уште поголемо поскапување се предвидува за фирмите и другите правни лица кои користат централно греење. Според предлог-пресметките, за нив цената ќе се зголеми за околу 13 проценти.
Како главна причина за новото поскапување во документите на РКЕ се наведува растот на цената на природниот гас.
Доколку бидат усвоени предложените тарифи на главна седница во РКЕ, новите цени ќе се применуваат од 1 јануари 2027 година.
Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година.


