Водата во Скопје е безбедна за пиење – неделен извештај на „Водовод“

Објавено:

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје соопшти дека водата во главниот град е квалитетна и безбедна за пиење.

Во неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење се вели дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 16 до 20 ноември годинава зел 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

Согласно со добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во соопштението.

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.