Дрон погоди украинска телевизија среде програма во живо, Зеленски објави вознемирувачки фотографии

Објавено:

Дрон лансиран од Русија денеска (8 септември) погоди украински новинари среде програма во живо.

Станува збор за телевизискиот канал „We Are Ukraine“ кој е дел од мрежата „United News“.

Нападот се случи сред бел ден додека новинарите и останатите медиумски работници емитувале програма во живо.

Зградата каде се наоѓа медиумската куќа е делумно уништена, а според досегашните информации, повредени се пет лица. Надлежните служби предупредуваат дека овој број за жал може да се зголеми.

„Денес Русија нападна ги нападна медиумите и новинарите“, обвини Зеленски објавувајќи вознемирувачки фотографии на социјалните мрежи.

„Користењето на дроновите ’Шахед‘ против медиумите означуваат ново поглавје во деградацијата на Русија, а Европа и светот сигурно мора да одговорат на ова. Ниту еден удар против Украина и Украинците – против самиот живот – не може да остане неказнет. Русија мора да биде запрена, а тоа е можно само преку заеднички напори“, порака украинскиот претседател.

Фотографиите што ги сподели тој покажуваат ранети и крвави луѓе, носилки од брза помош, спасувачки екипи, а на дел од нив се гледа штетата на повеќекатната зграда погодена од нападот и урнатите делови во дворот и паркингот околу објектот.

Последни објави