Мариовскиот пожар „откри“ гранати останати од Првата светска војна

Објавено:

Пиротехничарот на ДЗС, Ѓорги Стефанов од атар на с.Мегленци Општина Новаци безбедно отстрани две артилериски гранати од 75 и 155 милиметри останати од Прва светска војна, „армирани“, односно поминати низ топовска цевка, кои беа пронајдени по гасењето на пожарот во Мариово, информираше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)

„Неексплодиранитрте убојни средства, гранатите, биле извадени од место што претходно било опфатено со пожар, но не експлодирале од огнот. Таквите гранати и други убојни средства се опасност плус за сите кои се наоѓаат во регион каде што ги има, а тој е зафатен од пожар“, соопштија од ДЗС.

Службената дојава за гранатите ја направиле од Полициска станица Новаци, а гранатите биле откриени од битолските пожарникари кај Новаци.

Пет активни пожари и 25 изгаснати

Во меѓувреме, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека во моментов пет пожари се активни, а еден е под контрола од регистрираните 31 пожар на отворен простор до 7.30 часот утринава. Според ЦУК, 25 пожари биле изгаснати.

„Кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во општина Студеничани и кракот кон село Палиград, во правец на Преслап во општина Зелениково гори мешана шума, а во општина Сарај – во село Копаница, со проширување кон село Радуша ниска вегетација и шума. Над село Нежилово, кај местото викано сватови Сватови, гори ниска вегетација и единечни дрва, во село Копанце во општина Јегуновце мешана шума, а во прилепското село Црнилиште ниска вегетација и шума. Под контрола е пожарот во општините Гостивар и Македонски Брод – село Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), а во кој се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат“, информираше ЦУК.