Неделна доза партиски пресметки- кој е пијаница, кој е дилер, а кој наркоман

Објавено:

Партиската преписка меѓу членовите на извршните одбори на опозициската СДСМ и владејчката ВМРО-ДПМНЕ, Јон Фрчковски и Миле Лефков од видео обраќања на социјалната мрежа Фејсбук ќе се пренесе во институциите и ќе ја разгледуваат јавни обвинители. По неколку месечна кавга меѓу двајцата политички опоненти, Лефков најави дека ќе поднесе кривична пријава против синот на поранешниот министер за надворешни работи Љубомир Фрчковски, Јон за користење на дрога.

Причината за тоа како што вели Лефков, е клеветата на Јан дека премногу пиел, па заборавал.

„А за твоите клевети Јон. Категорично. Немам слабост ниту кон алкохол, ниту кон наркотици. Никогаш не сум користел наркотични средства и тоа е факт. А мојот најважен тест се моето семејство и моите пријатели. Ако мислиш дека сум направил кривично дело, повели, пријави ме“, изјави на 20 септември Лефков.

https://www.facebook.com/reel/1350367753585697

Овој коментар на Лефков следува откако Фрчкоски пред осум дена јавно го повика својот опонент заедно да посетат медицинска лабораторија и да направат тест за проверка за присуство на наркотици во крвта.

„Те повикав да се тестираме за наркотици, а ти кажав дека ќе бидеме фер и за алкохол нема ни да правиме муабет“, рече Фрчковски.

Лефков на тоа возврати со контрапредизвик, обвинувајќи го Фрчковски дека се обидува да направи „реалити-шоу“ од сериозна тема.

„Ако веќе јавно признаваш дека си користел дрога, пријави ги оние од кои си ја набавувал! Имињата на твоите дилери и право во Единицата за недозволена трговија и во ОЈО, Јон, тоа е вистинскиот предизвик“, му врати Лефков.

На тоа, Фрчковски во видео обраќање од автомобил возврати со дополнителни навреди.

„Миле, единствените дилери во земјата сте вие. Твојот шеф Мицкоски, ти, вашата партија, вашата екипа. Вие пренесувате 5 тони дрога преку граница. Симе што пука е со твојот шеф, се сеќаваш ли? Цел албум со Мицко имаат. Вашиот дилер. Сите се ваши. ​Ако не се сеќаваш, мораш да го намалиш пиењето. Стар си бре и за други работи“, рече Фрчкоски.

https://www.facebook.com/reel/1561684445243890

Лефков најави дека ќе го пријави Фрчкоски по три основи, за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции, потоа за Овозможување уживање наркотични дроги, психотропни супстанции и за Непријавување кривично дело или сторител. Оваа тема во јавноста се дебатира откако во март минатата година беа објавени фотографии за кои се тврдеше дека го прикажуваат Јон Фрчкоски како консумира кокаин.

Овие обвинувања и компромитирачки фотографии првично беа обелоденети на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, по што Јон Фрчкоски поднесе оставка од функцијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ. Седум месеци подоцна Лефков најави кривична пријава за овој случај.

Последни објави