Папата ги повика владите да го регулираат развојот на вештачката интелигенција

Објавено:

Папата Лео ги повика владите да го забават и внимателно да го регулираат развојот на системите за вештачка интелигенција во својот прв голем документ, објавен во понеделник. Докуменот се нарекува енциклика, и тоа е официјално писмо што го издава Папата во Римокатоличката црква и го упатува до епископите, свештенството и понекогаш до сите верници. Тоа служи за да се објасни, појасни или заземе став за важни прашања од верата, моралот или општествените теми.

Во него тој предупреди дека системите на вештачката интелигенција шират дезинформации, даваат приоритет на конфликтите и ризикуваат да го водат светот по патот на бескрајна војна, јавува новинската агенција Ројтерс.

Првиот американски папа во својот текст изрази загриженост дека некои автономни системи за оружје напреднале „практично надвор од секој човечки дофат за нивно управување“.

На настанот во Ватикан на кој беше презентиран документот напишан од папата присуствуваше и Крис Олах, коосновач на Anthropic, една од водечките компании за вештачка интелигенција во светот.

Папате Лео, кој во последните месеци усвои посилен тон и го предизвика гневот на американскиот претседател Доналд Трамп откако ја критикуваше војната во Иран, упати низа страсни апели до светските лидери во долгиот документ, познат како енциклика.

Првиот американски папа повика сопственоста на податоците од вештачката интелигенција да не се остава исклучиво во приватни раце, креаторите на политиките да ги заштитат правата на работниците и да ги заштитат децата од технологијата и повика на ладење на конкуренцијата меѓу компаниите за вештачка интелигенција.

„Она што е потребно е поактивна политичка вклученост што е способна да ги забави работите кога сè се забрзува“, вели Лео во текстот, насловен како „Magnifica Humanitas“ (Величествено човештво).

Лав, кој во воведот на писмото истакна дека се обраќа до католиците и до сите луѓе со добра волја, рече дека општеството мора да се соочи со „клучни прашања“ за развојот на вештачката интелигенција и насоката на глобалното управување.

Повикувајќи се на библиската приказна за Вавилонската кула — каде што човештвото, водено од гордост, се обидува да изгради кула до небото, предизвикувајќи Божји гнев — папата рече дека приказната ја покажува опасноста од секој проект што „се стреми да стигне до небото без Божји благослов“.

„Со срце на пастир и татко, ги повикувам сите да се откажат од градењето на уште една Вавилонска кула и да се здружат во градење на заедничкото добро“, изјави папата.

Лав ги повика луѓето да не се откажуваат од справувањето со можните ризици од системите за вештачка интелигенција.

Папата остро ја критикуваше идејата за „праведна војна“, нарекувајќи ја застарена и предупреди дека современите конфликти често се водени од интереси и профити, со тешки последици за цивилите.

Тој повика на забрана за автономни системи што донесуваат одлуки за убивање и нагласи дека употребата на сила и оружје создава „насилна култура на моќ“.

Во документот, папата зборува и за „нови форми на ропство“, поврзани со работниците во синџирите на производство на технологија и суровини за вештачка интелигенција. Папата предупреди дека вештачката интелигенција носи сериозни етички ризици и повика на заедничка глобална одговорност, нагласувајќи дека никој не е без влијание или одговорност.