Русија и Иран: единствено решение за конфликтот на Блискиот Исток е дипломатијата

Објавено:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Абас Арагчи на средбата во Њујорк се согласиле дека само дипломатско решение може да им стави крај на тензиите на Блискиот Исток, предизвикани од американско-израелската војна против Иран.

„Беа разгледани актуелни регионални и меѓународни прашања, при што акцентот беше ставен врз ситуацијата околу Иран“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи по средбата во рамките на 81-та годишна сесија на Генералното собрание на ОН.

„Беше подвлечено дека нема алтернатива за дипломатско решавање на кризата предизвикана од нелегалните дејствија на Соединетите Држави и Израел“, стои во текстот.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан во 2025 година потпишаа договор за стратегиско партнерство, кој предвидува продлабочување на билатералните врски и поблиска соработка во областа на одбраната, но не вклучува клаузула за заемна одбрана.