Вашингтон и Пекинг го продолжија за два месеца трговското примирје со кое се ограничува висината на царините и се обезбедуваат испораките на кинески ретки минерали за САД, соопшти американскиот министер за финансии, Скот Бесент.
„Денеска се договоривме да го продолжиме таканаречениот „договор од Пусан“. Економското разведрување меѓу двете земји што требаше да заврши на 10 ноември, ќе биде продолжено до 10 јануари, за да ни даде повеќе време да видиме што можеме да направиме на економски план“, појасни Бесент во изјавата дадена за „Фокс њуз“.
Објавувањето на одлуката за продолжување на примирјето доаѓа во момент кога кинескиот претседател Си Џинпинг е во посета на Вашингтон.
Трамп и Си договорија едногодишно трговско примирје на средбата во Јужна Кореја одржана во октомври минатата година.


