И кредитирањето и штедењето во Македонија растат и во август, при што вкупните кредити се зголемиле за 13,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, додека депозитите забележале годишен раст од 9 отсто, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
На месечно ниво, вкупните кредити во август се зголемиле за 0,7 отсто. Раст има и кај кредитите на граѓаните и кај компаниите, но на годишно ниво поголем придонес во вкупното зголемување има корпоративниот сектор.
Кредитите на компаниите за една година пораснале за 15,1 отсто, додека во споредба со јули растот изнесува 0,6 отсто. Според Народната банка, зголемувањето на корпоративното кредитирање во август целосно произлегува од кредитите во денари. Продолжува да расте и задолжувањето на населението. Кредитите на граѓаните се зголемиле за 12,3 отсто на годишно и за 0,7 отсто на месечно ниво. Најголем раст меѓу најчестите категории има кај станбените кредити – 16,2 отсто за една година. Потрошувачките кредити, пак, се зголемиле за 12,2 отсто.
Вкупната задолженост на граѓаните е 4,86 милијарди евра, а најголемиот дел од растот произлегува од кредитите одобрени во денари.
Истовремено растат и парите што граѓаните и компаниите ги чуваат во банките. Вкупните депозити во август биле за 9 отсто повисоки отколку пред една година, а во однос на јули се зголемиле за 1,6 отсто. Месечниот раст главно произлегува од корпоративниот сектор. Депозитите на населението на крајот од август изнесувале 460,38 милијарди денари, односно 7,49 милијарди евра.
Депозитите на компаниите се зголемиле за 6,2 отсто во еден месец и за 6,1 отсто на годишно ниво. Кај населението сликата е различна – во август депозитите се намалиле за 0,4 отсто во однос на јули, но во споредба со истиот месец лани сè уште се повисоки за 10,2 отсто.
Орочените депозити на домаќинствата, без средствата на трансакциските сметки, пораснале за 0,6 отсто месечно и за 5,8 отсто годишно, при што Народната банка посочува дека растот во поголем дел доаѓа од долгорочно орочените депозити.
На годишно ниво тие се зголемени за 10,2 насто, при раст на сите компоненти. Сепак, во споредба со јули, заштедите на граѓаните опаднале за 0,4 отсто, што се должи на намалената состојба на депозитните пари.
Половина од тие средства се орочени. Или, орочените депозити на домаќинствата, без средствата на трансакциските сметки, достигнале 3,75 милијарди евра. Зголемени се за 0,6 насто на месечна и за 5,8 насто на годишна основва, главно поради растот на долгорочните орочени депозити.


