Повеќе земји- членки на ЕУ бараат драстично кратење на европската бирократија

Објавено:

Група европски земји бараат од Европската Комисија и другите институции во Брисел драстично намалување на европската бирократија и темелно прочистување на европските закони.

Бројните и сложени правила се сметаат за една од најголемите пречки за развојот на европската економија. Иако Комисијата веќе работи на намалување на регулативата, земјите членки бараат и чекор понатаму.

Минатата недела претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, во својот говор за состојбата на Унијата најави повеќе од 20 нови законодавни иницијативи.

„Секој што се обидува да ја спречи растечката бирократија со непрекинато донесување нови закони, всушност се обидува да го гасне пожарот со хартија“, изјави Клаудија Бауер, австриската министерка за Европа, интеграција и семејство.

Австрија ја предводи иницијативата наречена сојуз за намалување на бирократскиот товар. Сојузот испрати писмо до Европската комисија.

Портпаролот на Европската комисија Рикардо Кардосо изјави дека ја споделуваат целта да се посвети поголемо внимание на спроведувањето и консолидирањето на актуелните закони.

„На одреден начин, тоа веќе е дел од нашиот план за поедноставување. Веќе започнавме систематски ревизии во повеќе области, со поддршка на акцискиот план за темелно регулаторно чистење, и таа работа ќе продолжи, истакна Кардосо.