Секој 18-ти вработен во образованието се соочил со вербално сексуално вознемирување на работното место

Објавено:

Сексуалното вознемирување е присутно во училиштата, најчесто во вербална форма, а најизложени се жените и техничкиот и административниот кадар, покажало прелиминарните резултати од истражување што го спроведува Комисијата за заштита од дискриминација(КЗД).

Резултатите се од анкета „лице в лице“ направена со 1.57 вработени во 26 основни и средни училишта, во 19 општини од сите осум плански региони, од јули до август 2026 година.

SEKSUALNO VOZNEMIRUVANJE NA RABOTNO MESTO VO OBRAZOVANIE - GRAFIKA
Графичка илустрација – Сексуално вознемирување на работно место во образованието во Македонија (јули-август 2026)

Од анкетираните, 83 отсто биле наставен персонал, 11 отсто администрација и стручна служба и 6 отсто техничка служба. Вкупно 78 отсто од анкетираните се жени.

Мерени се 14 облици на вознемирување, од шеги до сексуален напад.

До Комисијата во последните четири години пристигнале само две претставки за сексуално вознемирување што укажува на ниско ниво на препознавање и пријавување на ваквите случаи.

Според досегашните резултати, најизложени на сексуално вознемирување се вработените во техничките и административните служби. Техничкиот кадар е речиси трипати поизложен од наставниците, додека секој единаесетти вработен во техничката служба (9%) изјавил дека доживеал несакан допир.

„Училиштето треба да биде безбедно место не само за учениците, туку и за секој што работи во него. Сексуалното вознемирување не е шега ниту приватен проблем – тоа е дискриминација забранета со закон. Секој што го доживеал или бил сведок може да се обрати до Комисијата“, изјави Зекир Абдулов, потпретседател на КСЗД.

Тој посочи дека, согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, сексуалното вознемирување претставува форма на дискриминација, а работодавачот има обврска да преземе мерки за негово спречување.

Конечните резултати ќе бидат претставени во Национален извештај за сексуално вознемирување на работмно место, што КЗД ќе го објави по два-три месеци.