Стопанската Комора бара намалување на бројот на неработни денови

Објавено:

Стопанската комора денеска ќе ги презентира своите предлози за измени на Законот за празниците, во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност.

На прес-конференција на тема „Празниците во Македонија и нивното влијание врз економијата“, Комората ќе ја претстави анализата на постојниот систем на празници во државата, како и споредба на бројот на неработни денови по основ на државни празници во земјава и во други европски земји во текот на 2026 година.

Стопанската комора смета дека големиот број на неработни денови во државата создаваат проблеми за работодавачите.

Според Комората, бројните неработни денови создаваат сериозни проблеми во работењето на компаниите и ја намалуваат продуктивноста.

Пред две години, Стопанската комора покрена и иницијатива пред Уставен суд за „Недела-неработен ден“, по што уставните судии одлучија недела да остане неработна за работниците.