Тринаесет години инспектор за противпожарна заштита не влегол во „Пулс“

Објавено:

Колку што ни е нам познато, од 2012 до 2025 година не е извршена инспекциска контрола во дискотеката „Пулс“ од страна на инспектор за противпожарна заштита, одговори вештото лице Викторија Будимовска Секуловска во судницата во Идризово, каде продолжи судската расправа за пожарот во дискотеката „Пулс“ од 16 март 2025 година, во кој загинаа 63 млади лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Будимовска Секуловска со вештачењето утврдила дека во внатрешноста на објекто бил истакнат само еден план за евакуација. Главната влезно-излезна врата не била противпожарна.

  • „Сè што спаѓа во противпожарна врата, значи паник-рачка и кочење во систем за кочење во отворена положба и самата огноотпорност на вратата, сето тоа не е исполнето на таа врата“, одговори таа на едно од прашањата.

Вештакот Маријана Лазаревска, која во претходен исказ направи детална елаборација на сите изведени зафати во критичниот објект, а како што кажа, во функција на негова пренамена.

  • „Иако беше повторувано дека не е наше да утврдуваме причина за пожар, меѓутоа можам да го споделам мојот личен став во однос на тоа, дека ценевме иницијалниот извор на пожарот да се прскалките. Меѓутоа, можноста да се запали нешто во конкретниот случај, во конкретниот објект, припаѓа на сунѓерот. Значи, тука имаме директна поврзаност„, кажа таа.

Вештачењата се базирани на целокупната документација за објектот.

Со изведувањето на градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, и распит на вештите лица кои го изработиле, треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството, по што одбраната треба да почне со изведување докази.

  • Во анализата на доставените материјали, Градежниот факултет утврдил дека бил вграден стрипор – материјал кој е нормално горлив и испушта токсичен чад и капки. Вториот материјал, тервол или стаклена волна, е негорлив и стабилен до 800 °C. Од промената на бојата на материјалот и деформацијата на челичната конструкција, како и стопените стаклени шишиња, експертите заклучиле дека температурата во клубот достигнала најмалку 800 °C.
  • Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од повеќе обвинители.

Пожарот во „Пулс“ избувна за време на настап на музичката група ДНК. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на Македонија.

Последни објави