Украина ја прекина вонредната состојба поради Украина

Објавено:

„Вонредната состојба на Унгарија поврзана со војната, која беше прогласена пред четири години под водство на поранешниот премиер Виктор Орбан, официјално завршува денеска“, објави на Фејсбук новоисбраниот унгарски премиер Петер Маѓар, цитиран од унгарската Ем-Ти-Ај.

„Вака се збогуваме со шестгодишното владеење со декрети. Се враќаме во нормалноста“, напиша Маѓар.

Орбан првпат прогласи вонредна состојба на 24 мај 2022 година, поради војната меѓу Русија и Украина, парламентот ја продолжуваше неколку пати, а неодамна ја продолжи до 13 мај 2026, односно до вчера.

По победата на ТИСА на парламентарните избори во Унгарија на 12 април, Маѓар првично сакаше вонредната состојба да продолжи до 31 мај за да се овозможи време за законски прилагодувања. Наместо тоа, на 9 мај, унгарскиот Парламент донесе нов закон со кој декретите за вонредна состојба се претворија во трајно законодавство кое ќе стапи на сила откако ќе се укине вонредната состојба.

Во текот на изминатите четири години, во рамките на вонредната состојба беа издадени повеќе од 170 владини декрети. Виктор Орбан се дефинира како лидер на „нелиберална демократија“ и промотор на „христијанска слобода“. Неговите ставови околу владеењето на правото, медиумските слободи и миграцијата честопати наидуваат на критики од Европската Унија.

Орбан одржуваше блиски односи со Москва и Пекинг, а Европскиот парламент ја опиша Унгарија од времето на Орбан како „хибриден режим на изборна автократија“.