Во Битола убиена жена по расправија со сопругот

Објавено:

Во битолската населба Баир утрово се случило убиство на 31-годишна жена, по претходна расправија со нејзиниот сопруг, соопшти полицијата. Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), „настанот се случил околу 6.40 часот на улицата „5-та“, кога 33-годишниот А.Р. со остар предмет ја нападнал својата сопруга А.В. (31), со која извесен период не живееле заедно“.

Лекар од екипата на Итната медицинска помош, која веднаш пристигнала на повикот, констатирал смрт како последица на тешките повреди нанесени со нож, а населбата Баир била обезбедена од полицијата.

„Лицето А.Р. е веднаш задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава,“ соопшти полицијата.

Според евиденцијата на дел од невладините организации, од почетокот на годинава до сега се случиле најмалку 6 фемициди.

ТИМОТ НА КОЛЕГИУМ.МК НАПРАВИ ГЕЈМИФИКАЦИЈА НА СТОРИЈА КОЈА НА ЕДЕН ПОИНАКОВ НАЧИН ГИ ПРИКАЖУВА ЧЕКОРИТЕ НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО, НО И СОПКИТЕ ВО СИСТЕМОТ.
ИГРАЈ ЈА ПРИКАЗНАТА ТУКА