Градоначалникот на Краков, Лукаш Гибала, прогласи четиридневна жалост во градот, до 11 ноември, по денешното пукањето на главниот плоштад во градот во кое загинаа шест лица, бројот на повредени достигна до 15 лица, според досегашните информации.
Гибала свика кризен штаб во градската администрација, каде што се во тек активностите на надлежните служби.
„Во градската администрација работи кризен штаб. Надлежните служби спроведуваат активности. Ги молам граѓаните да останат смирени и одговорни. Нашите мисли се со семејствата на жртвите“, соопшти градоначалникот на Краков.
Полициската управа соопшти дека денеска попладне маж почнал да пука кон луѓе од својот автомобил со кој влегол на плоштадот. Напаѓачот бил застрелан од полицијата и префрлен во болница.
Градските власти ги повикаа жителите да ја избегнуваат областа.
„Полицијата ги истражува позадината и сите околности на нападот“, изјави полскиот премиер Доналд Туск.
Трагедијата се случила околу 15 часот кога напаѓачот возел автомобил кон плоштадот, една од најпознатите туристички атракции во Краков. Од возило во движење, тој отворил оган врз минувачите.
Полицијата брзо возвратила на оган и го ранила напаѓачот, кој потоа бил пренесен во болница под надзор. Според официјалните извештаи, напаѓачот бил облечен во воена облека и пукал од долга пушка.
Полицијата потврди дека напаѓачот е 24 или 25-годишен полски државјанин. За време на нападот тој носел воена униформа (маскирна облека), панцир и шлем. Локалнииот медиум „Полсат њуз“ пренесе дека на шлемот имал нацистичка значка „СС“.
Сочувство до Полска упатија и голем број странски државници и претставници на ЕУ.
Краков важи за еден од најбезбедните градови во Европа, особено во категоријата на големи туристички центри. Полска генерално има исклучително ниска стапка на насилен криминал, па затоа вакви вонредни настани, како денешниот напад, се исклучително ретки и се шок за локалното население и за светот.


