Времето променливо, попладне можно невреме, а од утре постудено

Објавено:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремен локален дожд кој ќе продолжи и во текот на ноќта кон вторник.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој во Повардарието ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, температурата ќе се движи од 25 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер.

До крајот на работнава седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 километри на час.

Последни објави