Бензините и дизелот ќе поскапат од полноќ

Објавено:

Од полноќ ќе има нови цени на горивата, објави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Еуросупер БС-95 ќе чини 93 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава до 95 денари, а еуродизелот ќе достигне 100 денари за литар.

Според одлуката на РКЕ, бензините ќе поскапат за два денара, а дизелот за еден денар по литар во споредба со досегашните цени. Цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе остане непроменета, 110 денари за литар. Мазутот, пак, поскапува за 1,300 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 55,573 денари.

Од Комисијата соопштија дека во денешната одлука е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за дизел-горивото во износ од 10 отсто, како и намалениот износ на акцизата од два денари за литар кај бензините и четири денари за литар кај дизелот.

Со одлуката, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,55 проценти во однос на одлуката од 26 октомври.