Цените на нафтата продолжија да растат по најновата ескалација на Блискиот Исток

Објавено:

По новите напади врз енергетската инфраструктура на Саудиска Арабија и врз бродови на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските берзи во понеделник пораснаа за повеќе од 3 насто.

Во минатата недела цените пораснаа за околу 9 проценти по ескалацијата на нападите на Блискиот Исток. Цената на „Брент“ надмина 100 долари за барел за првпат од јули и достигна околу 110 долари, највисоко ниво од мај.

Глобалните пазари на обврзници се под притисок поради повисоките цени на енергенсите, кои придонесуваат за раст на инфлацијата и каматните стапки. Приносите на обврзниците во повеќе наврати се искачија на нови највисоки нивоа во последните неколку години.

Во Саудиска Арабија нафтоводот исток- запад бил привремено затворен по напад со дрон, соопштија саудиски официјални лица. Затворањето на нафтоводот, кој ѝ овозможува на Саудиска Арабија да го избегне Ормускиот Теснец и да го пренасочи извозот преку теснецот Баб ел-Мандеб, претставува закана за 4 проценти од глобалното снабдување со нафта.

Последни објави