Четири пожари активни, четири под контрола

Објавено:

Центарот за управување со кризи соопшти дека во изминатото деноноќие во земјава биле регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати.

Оттаму велат дека активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и  Локвица, во Општина Кичево – кај селата Тајмиште и месноста Дарда и во Општина Гостивар – кај селото Горна Ѓоновица.

Пожари под контрола се пожарите во селото Илинден, кај делчевското село Бигла, кај село Туденце во Општина Јегуновце и во Општина Врапчиште – кај селата Ломница и Ѓерѓевиште.

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари. Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја) – соопшти деновиве, Центарот за управување со кризи.

Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Република Северна Македонија.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа и да не се користи оган на отворен простор.

Доколку се забележи пожар, веднаш да се пријави на бројот 112.