Данската разузнавачка служба тврди дека Русија планира саботажа во нивната земја

Објавено:

Данските власти открија планови и подготовки за руска саботажа во Данска, објави весникот „Берлингске“.

Компаниите од одбранбената индустрија поврзани со воена помош за Украина се меѓу главните цели, изјави за весникот Емил Грејшолм, раководител на контраразузнавањето во Данската служба за безбедност и разузнавање (ПЕТ).

Главната цел е да се спречат специфични испораки за украинската одбрана, беше цитиран Грејшолм.

„Во исто време, целта е да нè заплашат за да не ги поддржуваме повеќе Украинците и да не ги прошируваме сопствените одбранбени капацитети“, додава тој.

Разузнавањето обично се држи настрана, но Грејшолм вели дека заканата е доволно специфична за да оправда јавно предупредување.

„Изборот на цели и подготовките се толку специфични што веруваме дека е потребно јавно да се објави пораката бидејќи ова е закана што треба да се сфати сериозно“, нагласува разузнавачот.

Грејшолм го наведе палењето како еден можен руски заговор и ги повика компаниите од одбранбената индустрија да ги заострат безбедносните мерки. Тој тврди дека Русија се обидува да регрутира и „обични Данци“ за своите планови, честопати без тие да знаат дека работат за Москва.

„Ова може да вклучува фотографирање или видео снимки од компании или објекти што потоа можат да се користат за планови за саботажа“, рече тој.

Тој ги повика луѓето во Данска да бидат сомничави ако некој им се обрати со такви барања.

„ПЕТ очекува заканата да продолжи да расте „во обем и сложеност“, се вели во извештајот на разузнавачките служби.

Таа е насочена против украинските производители на одбранбена опрема во Данска, но можеме да видиме дека Русите генерално се заинтересирани за одбранбената индустрија во Данска, уверен е Грејшолм.

Последни објави