ВИДЕО: Прво и второ место во Европа за Македонија во параглајдинг

Објавено:

Македонската репрезентацијата стана европски вицешампион во параглајдинг, додека македонската претставничка во женска категорија Ана Бергер е новата европска шампионка. На домашен терен, пред македонската публика во Крушево, параглајдеристите го освоија историското сребро во екипна конкуренција, додека Бергер се искачи на европскиот врв во женска конкуренција.

Европското првенство во параглајдинг се одржуваше од 8 до 19 август во Крушево, со учество на 130 пилоти од 30 земји. Словенија го освои златниот медал во екипна конкуренција, Македонија заврши на второто место, додека бронзата ѝ припадна на Шпанија.