Каде има активни пожари во Македонија?

Објавено:

На територијата на Македонија регистрирани се вкупно 14 пожари, покажува последниот извештај од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Но, заклучно со 18 часот, од нив активни се осум. Еден е под контрола, додека пет биле изгаснати.

Според податоците на ЦУК, осумте активни пожари се во:

  • село Чаниште, крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река во Општина Прилеп, каде гори ниска вегетација;
  • село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер во Општина Студеничани, каде гори мешана шума;
  • кај месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица во Општина Македонски Брод, каде горат ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки;
  • село Тајмиште, месност Дарда во Општина Кичево, каде гори високостеблеста букова шума;
  • село Никуштак, Општина Липково, каде гори ниска вегетација и шума;
  • село Белушино – реактивиран пожар, со крак кон село Јакреново, каде што пожарот е под контрола во Општина Крушево, каде гори ниска вегетација и дабова шума;
  • село Лопате, Општина Куманово, каде гори ниска вегетација;
  • село Ломница, Општина Врапчиште, каде гори мешана шума.

Под контрола, пак, е пожарот во депонијата во Делчево, додека изгаснатите се во село Форино (Општина Гостивар), село Церово (Општина Желино), село Мусинци (Општина Могила), село Марена (Општина Кавадарци) и село Златари (Општина Ресен).