Кривична за 25-годишник за полов напад врз 14-годишно девојче со кое „бил во врска“

Објавено:

Кривична пријава ќе биде поднесена против 25-годишен маж од Скопско, осомничен за полов напад врз 14-годишно девојче со кое, според пријавата, бил во љубовна врска, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полицијата утрово извршила службен разговор со А.С. во Полициската станица Кисела Вода, по пријава од мајката на 14-годишното девојче, а по целосното документирање на случајот СВР Скопје најави кривична пријава согласно член 188 од Кривичниот законик.

„На 18.08.2026 во девет часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.С.(25) од Скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘полов напад врз дете’ по член 188 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.