Матурантите од средните училишта низ Македонија ја положиле матурата со просечна оценка од 3,66.
Резултатите ги соопштија министерската за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска, по околу два месеци од почетокот на тестирањето.
Оваа година матурантите полагаа три типа на матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.
Просечната оценка за државна матура е 3,62, за стручна 3,91 и за уметничка 3,59.
„Ценам дека ова се објективни резултати поради подготвеноста на сите вклучени во организирањето на матурата“, оцени Јаневска.
Просечната оценка е речиси иста како лани кога беше 3,69, а е повисока од 2024 година кога беше 3,26.
За полагање државна матура односно екстерни испити (задолжителен мајчин јазик и уште еден изборен предмет) оваа учебна година беа пријавени 14.587 матуранти.
Од нив, 12.184 полагаа државна матура, 2.276 државна стручна матура, а 127 пријавени за државна уметничка матура. На полагањето не се појавија 348 или 2,39 отсто од пријавените матуранти.



