Месечна сообраќајна статистика: Над 20.000 сообраќајни прекршоци, речиси 500 лица лишени од слобода

Објавено:

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги објави статистичките податоци од интензивните сообраќајни контроли спроведени на патиштата низ целата држава во периодот од 1 до 31 јули 2026 година. Во текот на изминатиот месец полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи констатирале и санкционирале вкупно 20.976 сообраќајни прекршоци.

Според полициската статистика, поради тешки сообраќајни прекршоци кои директно ја загрозуваат безбедноста, лишени од слобода биле вкупно 496 лица. Од нив, за управување без дозвола – 373 лица, возење под дејство на алкохол 81 лице, возење под забрана 25 лица со претходно изречена мерка за забрана за управување, екстремно чекорење на брзината 13 лица (надвор од населено место) и 3 лица во населено место, возење во спротивен/забранет правец едно1 лице.

Покрај лишувањето од слобода, согласно член 300-б од Кривичниот законик, привремено или трајно се одземени 332 возила, информираше МВР.

Во јули 2026 се издадени и 4.241 платни налози се издадени за непочитување на пропишана брзина, неправилно паркирање – 4.694 прекршоци, возење под дејство на алкохол – 430 санкции, 2.073 возачи на мотоцикли се казнети поради неносење заштитен шлем (кацига), а за некористење сигурносен појас се санкционирани 1.829 учесници во сообраќајот.

Во делот на техничка неисправност и исклучување од сообраќај, според одредбите од Законот за возила, 299 возила биле отстранети од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани, 125 возила се исклучени поради утврдена техничка неисправност, а 44 возачи се санкционирани за неисправно или непредвидено затемнување на стаклата (непрописно поставени фолии).

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат со непрекинат интензитет и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот за стриктно почитување на правилата и прописите.