Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините.
Како што рече, има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти.
Сепак, како што рече, треба да се почека до утре, кога за ова ќе има одлука од Регулаторната комисија за енергетика.
„Но, и покрај тоа што станува збор за берзански производ, повторно остануваме убедливо држава со најниски цени на дизел горивата и на бензините“, рече претседателот на Владата одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци.


