Претседателот на владата Христијан Мицкоски во Њујорк се сретнал со српскиот претседател Александар Вучиќ.
„На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и просперитет на нашите народи“, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Тој во објавата наведува дека продолжуваат со отворен дијалог и конструктивна соработка во насока на јакнење на регионалното поврзување и европската перспектива на Западен Балкан.
Инаку, на денешното продолжение на Генералната дебата на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН, меѓу најавените говорници е и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.


