Во првите три месеци од 2026 година, граѓаните повеќе плаќале преку банкарски налози, а бројот на трансакции пораснал за околу 10%, додека финансиската вредност на налозите за околу 15%, соопшти Народната Банка. Најмногу раст има кај електронските плаќања, тие скокнале за над 20% и по број и по вредност, споредено со истиот период лани.
Најчесто луѓето плаќаат преку мобилни апликации, речиси три четвртини од сите електронски трансакции се направени преку телефон. Тоа е логично, бидејќи мобилниот е најбрз и најлесен начин за плаќање.
И плаќањата со картички растат, бројот на плаќања е поголем за околу 12%, а вредноста на исплатите за 15%.
Најголем дел од растот доаѓа од интернет плаќања и од плаќања на каса.
Банките воведоа и нови решенија, дигитални картички што се користат преку мобилен, без да мора да ја носиш физичката картичка. Веќе речиси 18% од сите картички во земјава се дигитализирани, а секоја таква картичка во просек се користи за четири мобилни плаќања.
Податоците на Народната банка покажуваат дека луѓето сè повеќе се навикнуваат на мобилни плаќања и ги користат предностите на дигитализацијата.

Според нивната статистика, од над 800 илјади активни корисници на сметка во банка, речиси 200 илјади се блокирани.
Дополнително податоците покажуваат дека младите од 25 до 44 годни најмногу плаќаат преку интернет и мобилен телефон, додека помладите на возраст од 15 до 24 години начесто користат мобилни апликации и дигитални картички.


