Момче мотоциклист загина во сообраќајка на патот Радишани-Побожје

Објавено:

Млад возач на мотоцикл загина во сообраќајка во Скопско.

Несреќата се случила на патот од Радишани кон Побожје и во неа учествувале мотоцикл и автомобил.

Според првичните информации, момчето што го загубило животот било на возраст од 21 година. Информацијата за државната агенција МИА ја потврдил и докторот Драган Панов, раководител на смена во Итната медицинска помош – Скопје.

Според неговата изјава, момчето загинало на самото место односно по пристигнувањето на екипата на Итната медицинска помош, лекарите само ја констатирале смртта.

Во Македонија во 2025 година во сообраќајки загинаа 132 лица. 142, пак, е бројот на жртви за 2024-та.

Од нив, според податоците на Државниот завод за статистика, возачи или патници на мотоцикли или мопеди биле 26 во 2025 односно 14 во 2024 година.