Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски за „несовесно работење во службата“.
Со пријавата опфатени се и две вработени во Општина Карпош – едната раководителка на Секторот за урбанизам, која се товари за четири кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластувања“, додека едната вработена во истиот сектор, која МВР смета дека направила две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластувања“.
Кривичната доаѓа неколку дена откако Врховниот суд соопшти дека укина пресуда за Стевчо Јакимовски кој беше осуден на три години и шест месеци затвор за бесправно градење и злоупотреба на службената положба и овластувања во предмет поврзан со новата општинска зграда на Карпош.
Јакимовски на 2 јули влезе во затвор за да ја изврши казната, по што дојде укинувањето на пресудата за кое Врховен објави соопштение на 10 септември.
Сега, новата кривична пријава што ја поднесе МВР за друг предмет, а со која се опфатени и две вработени од Секторот за урбанизам, меѓу другото, се однесува на издавање извод од план и одобрение за градба на инвеститори за парцела во ДУП кој бил укинат со одлука на Уставниот суд во 2018 година.
Злоупотребите односно несовесното работење, според пријавата на МВР, биле правени во 2025 година.
Тогаш беше и последната година на Јакимовски како градоначалник на Карпош бидејќи на изборите во ноември истата година изгуби од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.


