На универзитетите во Македонија денеска почнува новата студиска 2026/2027 година со организирање прв академски час.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје тој ќе се одржи на платото на УКИМ каде што е најавено свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.
Со конкурсот на УКИМ, годинава на 23-те факултети во негов состав беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата академска година.
На најстариот и најголем универзитет во државата во моментов студираат над 26 илјади студенти, од кои на додипломски студии се повеќе од 23 400, а останатите се на магистерски и на докторски студии.
На првиот академски час на УКИМ ќе присуствува и ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.


