Најмалите ученици ќе добијат дигитални свидетелства

Објавено:

Денеска, 10 јуни, заврши учебната година од која најмалите учениците во основните школи ќе добијат дигитални свидетелства.

Тие се воведуваат од оваа година, а ќе ги добијат децата од прво до трето одделение.

„Обезбедивме електронски печати и електронски потписи, а оваа година, за да не се случи во некое училиште, можеби во рурална средина или во училиште со послаба техничка опременост, учениците да останат без свидетелства, за овие три одделенија воведовме систем што може да се нарече хибриден. Од следната година свидетелствата ќе бидат целосно дигитални – изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Дигитални свидетелства в година ќе има и за учениците од четврто до шесто одделение.

Оваа учебна година започна 1 септември 2025 со 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци.