Обвинетиот Стојанче тврди дека бил жртва која не се дрогира, вештакот пронашол кокаин во неговата крв

Објавено:

Пред судската порота и јавноста, обвинетиот сопруг а починатата Ивана Јовановска, Стојанче на 17 април ја даде својата одбрана, во која низ солзи се претстави себе си како жртва. Починатата Ивана Јовановска на 2.3.2026 година изврши самоубиство. Таа скокна шестиот кат од нејзиниот стан во скопската населба Тафталиџе, при што во смрт ја однесе и нивната 6-годишна ќерка Катја.

Јовановски е обвинет за три кривични дела, телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, во врска со трагедијата од 2 март 2026 година, кога неговата сопруга Ивана скокнала од балконот на стан на шести кат заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја.

Стојанче Јовановски во својата одбрана зборуваше за односот со неговата сопруга, Ивана обвинувајќи ја за неверство со кое во дел од говорот го оправдуваше насилството, јавуваат македонските медиуми кои го следат рочиштето.

ТИМОТ НА КОЛЕГИУМ.МК НАПРАВИ ГЕЈМИФИКАЦИЈА НА СТОРИЈА КОЈА НА ЕДЕН ПОИНАКОВ НАЧИН ГИ ПРИКАЖУВА ЧЕКОРИТЕ НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО, НО И СОПКИТЕ ВО СИСТЕМОТ.
ИГРАЈ ЈА ПРИКАЗНАТА ТУКА

Тој во својот исказ истакна дека бил жртва на манипулација и обвинуваше еден од сведоците за уништување на неговиот брак и за кривичното дело користење на психотропни супстанции, тврдејќи дека му била подметната дрога во гепекот.

Пo неговото сведочење, збор имал вештакот кој ја извршил обдукцијата на починатото тело на Ивана и кој утврдил дека кај неа немало присуство на, алкохол, дрога и лекови за смирување. За разлика од неа, во крвта на Стојанче Јовановски било пронајдено присуство на кокаин и голема количина на дијазепам.

Обдукцијата на Ивана утвридила два крвни подлива со модрожолтеникава боја на левиот образ настанале пред една недела, а подливите на вратот под брадата биле од дента на 2 март која починала, или од претходниот ден.

На претходните рочишта, Обвинителството приложувајќи докази, покажа и видео снимка од телефонот на Стојанче Јовановски, со која ја снимал како плаче Ивана претепана. Соседи сведочеа дека шестгодишната Катја честопати барала помош за својата мајка која била жртва на редовно и често насилство.

Претходно внатрешната контрола во полицијата, утврдила дека вкупно 39 припадници на Министерството за внатрешни работи постапиле погрешно по пријавите за семејно насилство кои досега биле поднесени против Стојанче Јовановски.