Инфографика: Кој колку места ќе има во унгарскиот Парламент

Објавено:

Петер Маѓар од Тиса прогласи убедлива победа на парламентарните избори што се одржаа во Унгарија на 12 април, нанесувајќи му голем пораз на Виктор Орбан, по 16 години на власт.

„Драги пријатели, направивте чудо, Унгарија испиша историја“, рече Маѓар нагласувајќи дека толку многу луѓе никогаш не гласале на избори и ниту една друга партија не добила толку силен мандат.

Со излезност на изборите поголема од 77%, поставен е рекорд во однос на 2002 кога одѕивот беше 73,51%.

На обработени над 98% од гласовите, првичните проекции од Националната изборна канцеларија покажуваат дека Тиса на Маѓар ќе има двотретинско мнозинство во унгарскиот парламент кој број 199 члена. Односно ќе има 138 мандати, додека партијата Фидес и коалицијата околу Орбан 55. Во парламентот со шест пратеници ќе влезе и ултрадесничарската Наша татковина, која го помина прагот од 5% освоени гласови.

Инфографика – Освоени парламентарни места на парламентарните избори во Унгарија 2026