Мицкоски му ја честиташе победата на Маѓар во Унгарија

Објавено:

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на Петер Маѓар, лидер на унгарската партија Тиса, кој на парламентарните избори во Унгарија на 12 април издвојува убедлива победа над досегашниот премиер Виктор Орбан и неговата парија Фидес, кој беше на власт 16 години.

„Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води про-европски политики, про-интегративни и очекувам поддршка за членство во ЕУ на регионот, вклучително и на Македонија“, изјави Мицкоски.

Претходно, победата на Маѓар му ја честиташе и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

„Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги вреднуваме силните билатерални односи градени со години, и со нетрпение очекуваме продолжување на нашата соработка заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности, напиша Муцунски на мрежата „Икс“.

Според официјалните резултати, со преброени 97,35 проценти од избирачките места, Тиса обезбеди 138 места од парламентот со вкупно 199 места со 53,6 проценти од гласовите, додека националистичката Фидес на Орбан освои само 55 места со 37,8 проценти гласови.