Пет активни пожари, пет под контрола, 11 изгаснати

Објавено:

До 18:00 часот попладнево се регистрирани 21 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, пет се под контрола, а 11 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Aктивни се пожарите во Струга кај селата Буринец – Локов – Селце – Елевци, потоа во општина Македонски Брод кај село Белица, општина Чучер-Сандево кај село Брест, и општина Ново Село кај селата Стиник, Борисово и Колешино.

Како што информира, ЦУК, под контрола се пожарите во општините Македонски Брод, Кичево, Делчево и Крива Паланка.

Според последните информации изгаснати се пожарите во Општина Струга кај селата Враништа и Радолишта, потоа општина Куманово кај населбата Перо Чичо, општина Карпош кај Железни Мост, бул. „Илинден“, кај „Водовод“. Повеќе не се активни пожарите во општините Кривогаштани, Струмица, Желино, Јегуновце, Ѓорче Петров и Шуто Оризари. 

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа и да не се користи оган на отворен простор.

Доколку се забележи пожар, веднаш да се пријави на бројот 112.

Последни објави