Во јавните училишта во градот Њујорк оваа училишна година е забрането користењето на генеративната вештачка интелигенција (ВИ), или алатки како „ЧетЏиПиТи“, кои можат да генерираат текст, слики и друга содржина.
Забраната за користење на ВИ се однесува на повеќе од половина милион ученици од предучилишна возраст до осмо одделение и на наставниците, а стапува во сила со почетокот на наставата следната недела.
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани потврди дека градот воведува привремена едногодишна забрана за употреба на генеративна ВИ во основните училишта.
Со забраната опфатени се речиси 600.000 ученици или околу две третини од учениците во јавните училишта во Њујорк.
Новите правила не важат само за ВИ. На децата во градинка до 12 одделение ќе им бидат забранети и таблети, лаптопи и други уреди. За учениците од трето до петто одделение, се препорачува да не поминуваат повеќе од 30 минути на таблети, лаптопи и други уреди, додека за учениците од средно училиште, тоа време треба да биде ограничено на 45 минути.
За средношколците пристапот до ВИ ќе биде ограничен односно ќе би можела да биде дозволена во некои програми, како програмите за писменост, за кариера и за професионална сертификација.
Од јуни и Норвешка воведе речиси целосна забрана за употреба на алатки за вештачка интелигенција за ученици од основно училиште, додека ја ограничи и нивната употреба во образованието на постарите деца за да се спречи негативно влијание врз учењето.
Соочена со нагло опаѓање на резултатите од тестовите, норвешката влада ги забрани паметните телефони во училиштата во 2024 година.


