По пеколните горештини, доаѓа пороен дожд и грмежи

Објавено:

По пеколните горештини што ја зафатија Македонија деновиве, доаѓа нестабилно време.

Според прогнозите, високите температури ќе продолжат и утре, кога ќе бидат и до 40 степени во некои делови од државата. Ќе има и мала до умерена облачност, а од четврток и петок ќе има пад за три-четири степени.

Исто така, во четврток и во петок попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информира УХМР, локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град.

Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица, пак, времето ќе биде стабилно, а дневната температурата повторно ќе биде во постепен пораст.

Според прогнозата, максималните температури во петок и сабота ќе бидат 36 степени, а во недела 37.