Градоначалникот на општина Брвеница Јовица Илиевски почина ненадејно на 58 годишна возраст. Оваа информација ја сподели премирот Христијан Мицкоски на социјалната платформа Фејсбук. Тој во својата објава напиша дека со тага и неверување ја примил веста и дека во овие моменти неговите мисли се со семејството на Илиевски, неговите најблиски и сограѓаните.
„Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.Јоцо на последните избори ја добивме најважната битка за твојата Брвеница, твоето дело и споменот за тебе нема да биде заборавен“, напиша премиерот Мицкоски.
Илиевски во 2025 година, го освои вториот градоначалнички мандат. Претходно ја извршуваше таа функција од 221 до 2025 година а во периодот 2013-2017 год. беше член во Советот на општина Брвеница.


