Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и претседател на ПЦЕР

Објавено:

Почина Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието и министер без ресор, објави „Рома прес“. Ибраимовски имаше 72 години.

Тој беше претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР). Беше пратеник во Собранието и министер без ресор во поранешната влада на Зоран Заев,поранешен претседател на СДСМ и премиер, откако на парламентарните избори во 2020 влезе во коалицијата предводена од СДСМ.

Претходно, Ибраимовски беше заменик министер за труд и социјална политика од 2004 до 2006 година.

Како пратеник, беше член на повеќе комисии во Собранието.

Неговиот политички ангажман беше насочен кон остварувања на правата на ромската заедница.