Портокалова фаза во Македонија

Објавено:

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека денеска ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 целзиусови степени.

Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од 40 км/ч.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 целзиусови степени.