Триесет и шестгодишен скопјанец е приведен откако 29-годишна жена пријавила дека ѝ се заканувал оти „ќе испрати фотографии со експлицитна содржина до членовите на нејзиното семејство ако не му даде пари и ако нема сексуален однос со него“. ”, соопшти полицијата.
Жената го пријавила случајот во полиција, по што, на 5 ноември, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ. С. (36) од Скопје во полициската станица Кисела Вода.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.


