Репрезентацијата на Англија ограбена на Светското првенство во САД

Објавено:

Репрезентацијата на Англија била жртва на кражба вечерта помеѓу петокот и саботата на светското првенство во САД, а во пресрет на пристигнувањето на фудбалерите во Канзас Сити, објавија британските медиуми.

Станува збор за украдена опрема, како што се топки и копачки. Тие биле украдени од возилата со кои се пренесувала опремата до Канзас Сити каде фудбалерите треба да пристигнат денеска попладне.

Меѓу останатите работи, украдени се и копачките на најголемите фудбалски ѕвезди во англиската репрезентација – Хари Кејн и Џуд Белингам, како и белите табли на тренерот Томас Тухел, топките за тренинг итн.

Полициски службеници биле на увид и работат на расчистување на случајот.

Би-би-си пишува дека кражбата би можела потенцијално да наруши дел од подготовките на фудбалерите за натпреварот што треба да го играат в среда против Хрватска во Канзас Сити.

Во група со нив се и репрезентациите на Гана и Панама.

САД е еден од тројцата ко-домаќини на ова 32. Светско првенство во фудбал, заедно со Мексико и Канада.