Шпанија ја победи Франција и е прв финалист на СП 2026

Објавено:

Репрезентацијата на Шпанија, актуелниот европски шампион е првиот финалист на Светското првенство откако вечерва во првото полуфинале со 2:0 ja совладаа Франција, финалистот од последните два Мундијала.

Со тоа, Шпанија е првиот национален тим што обезбеди пласман во финалето на Светското фудбалско првенство, во САД, Канада и Мексико.

Головите за Шпанија ги постигнаа Микел Ојарзабал и Педро Поро, откако Шпанците успеаја а ги ограничат најопасните француски офанзивци – Килијан Мбапе, Осман Дембеле и Мајкл Олисе.

Во финалето на Светското првенство во фудбал 2026, Шпанија ќе ги одмери силите со победникот од натпреварот Англија – Аргентина, кој се игра утре вечер (сееда) во 21 часот.