Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат, но со помало темпо во однос на почетокот на годината, објави Народната банка.
Според податоците на Народна банка, во вториот квартал цените на недвижностите се зголемиле за 13,3 отсто на годишно ниво. На квартална основа, цените на недвижностите забележаа раст од 5,5 отсто.
Во првиот квартал од годинава растот на цените на недвижностите изнесуваше 16,6 отсто.
Новите станови во центарот на Скопје достигнаа и по 3.000 евра за квадратен метар.
Според Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, во првиот квартал од 2026 година најскапо продаден е стан од 45 квадратни метри во КИсела Вода, за цена од 130.000 евра.


