Министерство за внатрешни работи информираше дека во последното деноноќие три лица биле лишени од слобода поради случаи на семејно насилство во Битола, Куманово и Кичево.
Во последното деноноќие, полицијата лишила од слобода три лица поради случаи на семејно насилство во Битола, Куманово и Кичево – информираше Министерството за внатрешни работи денеска (26 мај).
Вчера во Битола во 04:30 часот, полициски службеници го привеле педесет и едногодишниот Т.С. откако во семејниот дом физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, при што користел и метални и дрвени предмети.
Од страна на Основниот суд во Битола му е одредена мерка притвор.
Истиот ден во 20:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода дваесет и осумгодишниот Н.Ј. (28) од кумановско село, поради тоа што физички ја нападнал својата мајка.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Кичево, пак, во 15:40 часот бил приведен А.А. (48), по претходна пријава дека на 24 мај во семејниот дом физички ја нападнал својата 40-годишна вонбрачна партнерка од кичевско.
Од МВР информираат дека по целосно расчистување на сите случаи ќе следуваат соодветни пријави против осомничените.
Во последните два месеци низ полициските станици низ државата имало над 300 пријави за семејно насилство, а најмалку 179 лица биле лишени од слобода.


