Убиена 48-годишна жена од скопски Таор, осомичен сопругот

Објавено:

Министерството за внатрешни работи (МВР) го сомничи 51 годишниот С.Г. од скопското село Таор за убиство на неговата сопрува.
Според полицијата, осомничениот во петокот ја пријавил за исчезната сопругата Ж.Г. (48), а следниот ден се јавил во полиција со пријава дека ја пронашол мртва во шумата во близина на селото Летвица. Екипи на МВР и јавното обвинителство по увидот на лице место и обдукцијата на телото кое било во распаѓање утврдиле дека станува збор за насилна смрт.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот“, соопштија од Јавното обвинителство.

Полицијата го уапсила сопругот и уште тројца негови пријатели.

„Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69). Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопштија од МВР.