Во текот на ноќта имало 29 пожари во Македонија, изгаснати 27

Објавено:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 7.30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу селата Раец и Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп во месноста Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати.

Во кавадаречко пожарникарите работеа во текот на целата ноќ, пожарот значително е намален но се уште е активен, информира утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. ДЗС и ЦУК информираат дека од шест часот изутринава на пожарот во Општина Кавадарци се ангажирани повеќе екипи кои интервенираат на два правци.

Во правецот од село Дреново кон село Ќесендре интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со по една цистерна и скип и двајца вработени, припадници на МВР со еден пинцгауер и четворица вработени, ЈП „Национални шуми“ подружница „Бор“ Кавадарци со камион, џип и четворица вработени, како и осум пожарникари од ТППЕ Кавадарци со два пинцгауери и една „Лада Нива“.

Вториот правец е од реонот кај село Раец каде интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со една цистерна за вода, еден скип и двајца вработени, ТППЕ Кавадарци со едно противпожарно возило и петмина пожарникари, ТППЕ Неготино со еден џип и четворица пожарникари, како и четворица вработени во МВР.

Пожарот во кавадаречкиот регион зафатил претежно нискостеблеста вегетација.

Според ЦУК, изгаснати се следните пожари:

Општина Бутел – ул. Бутелска бб (ниска вегетација);
Општина Шуто Оризари – Визбегово (ѓубре);
Општина Аеродром – Долно Лисиче (ѓубре и ниска вегетација);
Општина Сарај – Боковиќ (ѓубре);
Општина Сопиште (ѓубре);
Општина Битола – Крклино (ниска вегетација);
Општина Новаци – Магленци (депонија);
Општина Крушево – Јакранево (ниска вегетација);
Општина Василево – помеѓу Доброшинци и Василево (ниска вегетација, стрништа и дива депонија);
Општина Охрид – Буково (депонија);
Општина Кичево – Зајас (стрниште и плевна);
Општина Струга – помеѓу селата Враништа и Горна Белица (ниска вегетација);
Општина Македонски Брод – помеѓу Слатина и Грешница (ниска вегетација);
Општина Велес – населба Превалец (ниска вегетација);
Општина Росоман – Сирково (ниска вегетација и овошни насади);
Општина Росоман – Дербриште – Камен Дол (ниска вегетација);
Општина Куманово – Романовце (три интервенции на различни часови на исто место – ѓубре);
Општина Куманово – Рoмановце, во близина на патарината (ниска вегетација, стрниште и ѓубре);
Општина Липково – Слупчане (ниска вегетација и стрниште);
Општина Липково – Опаје (стрниште);
Општина Старо Нагоричане – Стрезовце (ниска вегетација);
Општина Брвеница – Брвеница (нива);
Општина Јагуновце – патот Нераште кон Радуша;
Општина Јагуновце – Јанчиште (ниска вегетација);
Општина Тетово – Меда Три (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Теарце – Теарце (нива, стрништа и ниска вегетација);
Општина Карбинци – помеѓу селата Карбинци и Балван (ниска вегетација).