Под влијание на циклонска активност времето денеска ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта и утре претпладне.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар воден талог.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во наредните денови следува период на стабилно време со пониски утрински температури.


